Oштетен авион принудно слета во Вилнус
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2017
Патнички авион со 160 патници и членови на екипажот принудно слета во главниот град на Литванија Вилнус.
Слетувањето е направено поради детектирани оштетувања на леталото.
Авионот на компанијата „Гетџет“ полетал од Вилнус кон египетската туристичка дестинација Хургада, но морал да се врати назад.
„Авионот безбебдно слета во Вилнус, сѐ е во ред“- соопшти службата за информации на аеродромот.
Претходно беше објавено дека авионот ќе се врати назад, поради оштетувања на леталото.