Добивај вести на Viber
Еден од основачите на хрватската партија ХДЗ од 1990 е убиен во престрелка во Груде, БИХ.
Велимир Бушиќ е поранешен пратеник во општинското мостарско собрание, а тој е еден од двајцата убиени во синоќешната престрелка во Груде. Бушиќ беше и шеф на партискиот огранок во Груде, а во 2018 година ја напушти партијата по внатрепартиски конфликти.
Во Херцеговина бил познат и како сопственик на компанијата Велбуш, која тргува со широк спектар на стоки од 1994 година.
Информацијата за смртта на Велимир Бушиќ (60) за Klix.ba ја потврди актуелниот претседател на партијата Илија Цвитановиќ.
„ За жал, информациите се точни. Велимир Бушиќ беше добар човек и би сакал да изразам сочувство до неговото семејство“, изјави Цвитановиќ.
Пукањето и смртта на две лица се случиле синоќа два часа по полноќ за време на прославата по повод Св. Стјепан кога едно лице, кое седело во локално кафуле со пријатели, отишло дома да земе пушка и на враќање отворило оган при што убило две лица, а ранило уште две.
Едниот повреден се здобил со полесни повреди, додека на другиот во СКБ Мостар му била ампутирана ногата.
Покрај Велимир Бушиќ, убиен е и 34-годишниот Мате Гризељ, пишува Кликс.
Според неофицијални информации, сите што синоќа биле во кафулето се соседи и пријатели, а зошто дошло до пукањето и која била причината за расправијата засега не се знае.