03 Мај, 2024
0.0240

Откриена тајната за убавината на Клеопатра: Рецепт за совршен изглед!

Објавено во: Стил 20 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Жените на Клеопатра со векови и се восхитуваа бидејќи успеала да ги освои срцата на „недостапните“ мажи. После повеќе од две илајди години, нејзините рецепти надминуваат многу козметички производи, и во кавалитет и во ефикасност.

Во периодот на Клеопатра, луѓето користеле дури 21 ароматично масло за да ја заштитат кожата од сонцето, лечат стрии, брчки и целулит. Третманот по кој и денес е позната е Купката од млеко на Клеопатра. Всушност, мелкото е само едно од состојките на оваа богата купка. Целиот базен или кади, биле наполнети со топла вода и млеко.

Клеопатра го сакала ароматичното цвеќе и етерични масла, па тие често биле состојки на нејзините купки. Оригиналниот рецепт е изгубен, но се знае дека е користено млеко од магаре, кое најмногу го сакала, но и обичното млеко може да послужи.

Најдобро е млекото кое содржи голем процент на маснотии, бидејќи и помага на сувата и дехидрирана кожа. Киселините во млекото посебно млечните, ги уништуваат мртвите келии на кожата, а витамин  А и Е даваат одморен изглед на лицето.

kleopatra-1429533987-57536

Некогаш мелени руди се мешале со печени бадеми за да се добие кафена боја на сенка за очи. Руда од зелен бакар се ситнела како би се добила зелена нијанса. Мирисниот зачин шафран, давал жолта боја. Сенките на Клеопатра се нанесувале на цел очен капак. Денешниот туш за очи тогаш се нанесувал со загреани стапчиња.

Египќанките со него го опцртувале целото око. Освен што давало убав изглед на очите, воедно и ги штитело од пресилното сонце и суви клими. Египќаните верувале дека ненашминканите очи се изложени на зло поради што се шминкале подеднакво мажи, жени и деца.

Клеопатра користела подлога за шминка на база на восок. Оваа маса е правена од животинска маст и бело олово. Подлогата ја нанесувала на лицето и вратот, што и давало изглед на величенствена статуа. Образите ги сенчала со прав од црвена глина, а усните ги боела со мешавина од црвена глина и леплив талог на црвно вино и капини.

Неизбежна состојка од купките на Клеопатра, третман за коса и лице, бил медот. Медот ја хидрира кожата, и затоа природната основа за разновидни хидрантни производи вклучува и лосиони за чистење, креми, шампони, и балзами.

За ритуалите на убавина Клеопатра обично употребувала злато со латинското име Aurum и спиела со златна маска на лицето како би ја загарантирала вечната младост.