Откритие на деценијата: Се капе ли Кина во нафта?
Објавено во: Свет 01 Декември, 2017
Во Кина е откриено огромно нафтено поле, чиј капацитет се проценува на повеќе од милијарда тони нафта.
Нафтеното поле го открила Кинеската национална нафтена компанија (CNPC). Досега откриениот капацитет изнесува 1,24 милијарди тони со од прилика 520 милиони тони докажани резерви“, наведваат до компанијата.
Оттаму нагласиле дека откритието следи после десет годишни геолошки испитувања во таа област на Кина.
Главните кинески произведувачи на нафта, како што се Петро Чајна и CNPC ги забрзале истражните напори додека домашното производство продолжува да паѓа, наведува Ројтерс.
Моментално Кина е тринаеста по обем на докажани резерви нафта со 25 620 милиони барели дневно.