03 Мај, 2024
0.0262

Отсега граѓанските организации ќе можат да го измерат сопствениот импакт!

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Започнат процес за деинституционализација, заживување на локалната културна сцена, унапредување на медиумската писменост, надополнување на образовниот систем преку неформалното образование, партнерство и преземање системски обврски во здравствениот сектор, се само дел од достигнувањата и успесите на граѓанскиот сектор во сферите на социјалата, образованието, медиумите, културата и здравството, покажува истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и разво, „Паблик“. Но, колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени? Дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници?

Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, создаден е Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството, кој што ќе биде претставен утре, (вторник, 5 јуни) на конференција на која што ќе бидат споделени и резултатите од истражувањето спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.

Конференцијата ќе се случува во хотел „Солун“, со почеток во 10 часот. 

- Општествените феномени имаат многу сложена, а воедно и апстрактна структура која не е едноставна за мерење. Но, ако сакаме да дознаеме дали нашите активности се ефикасни и пожелни, треба да настојуваме да употребиме методологија која е соодветна за тоа. На граѓанските организации им се потребни сознанија кои сегменти од нивното функционирање се корисни и носат промени, а во кои сегменти им е потребно подобрување. Ова ќе го понуди инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени кој што го искреира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“  - објасни проф. др. Мариа Доневска, координатор на проектниот тим.

Во рами на утрешната конференција ќе се случува и панел дискусијата: „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, а ќе дебатираат Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет, Нано Ружин, ректор на Факултет за политички науки и дипломатија, Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Моника Божиноска, проектна координаторка во „Цивика мобилитас“ и Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.Модератор на дискусијата ќе биде Небојша Илијевски од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија