Oтворена првата Under Armour продавница во Македонија

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2021
Еден од најпознатите светски брендови за врвна спортска опрема - Under Armour пристигна во Македонија. На оригинален начин е отворена ексклузивната продавница Under Armour која се наоѓа во East Gate Mall во Скопје.
Бидејќи силата, енергијата и издржливоста се синоним за овој врвен спортски бренд, посетителите имаа задача да ja тестираат својата издржливост и сила на hangingbarchallenge. Секој што успеа да издржи 100 секунди, доби ваучер од 100€ за шопинг во првата продавница на Under Armour во Македонија.
По повод отворањето, Under Armour подготви за сите посетители и специјален попуст од 20% на целата понуда, кој важи до недела 31 октомври.
Under Armour е бренд кој постои речиси три децении и важи за еден од најпопуларните и најуспешните спортски брендови во светот. Денес, Under Armour е фокусиран на најсовремена продукција и одличен дизајн, со цел да ги зајакне спортистите ширум светот, да им понуди на сите ентузијасти за тренинг врвна опрема и да им помогне да бидат уште подобри и посилни.Under Armourво East Gate Mall ќе понуди широк избор на производи со највисок квалитет за мажи и жени, како и колекции наменети за најмладите.
Најновата колекција е достапна во Under Armour продавницата која се наоѓа на 2кат во Скопје EastGate. Генерален дистрибутер на брендот Under Armour за Балканот е компанијата Kvantum Sport.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
НЛБ Банка и Економскиот факултет-Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студентите и развој на младите таленти“

Промоција на посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски

Рокот за пријавување на зелени и одржливи проекти за конкурсот ,,{ЗАЕДНО} до зелени идеи“ на dm истекува на 21 март

Публицис Груп Скопје добитник на две награди од BEAM Фестивал 2025

Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време

Македонски Телеком започнува осмомартовска иницијатива за поддршка на жените - жртви на семејно насилство
