29 Април, 2024
0.0356

Отворена втората конференција Macedonia Manufacturing Expo

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Со промовирање на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија и поврзување на домашните компании од оваа индустрија со странски купувачи, организаторите работат на отворање на перспективите и зголемување на потенцијалите домашните компании

Со присуство на повеќе од 60 македонски компании, 35 странски купувачи и со 400 закажани директни средби  меѓу компаниите, денес започна втората меѓународна конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ). Конференцијата е во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, а e кофинансирана од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Холандската амбасада и Преда Плус.Годинешново издание е засилено со партнерството со Германската асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (БME) и присуството на голем број германски компании од секторот.

„Како Асоцијација имаме цел да го промовираме потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија, да ги поврземе домашните производители од оваа индустрија со странски купувачи и на тој начин да ги доближиме до големите странски компании, како и да помогнеме во создавање перспектива за проширување на нивните потенцијали. Првата конференцијата ја покажа потребата од токму таква заложба и интензивирање на бизнис релациите, партнерства и соработка. За таа цел започнавме и партнерство со германската трговска асоцијација БМЕ и со Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија со која потпишавме и Меморандум за соработка. Интересот и присуството на домашните и странските компании само кажува дека за металната и електро индустријата следи период на развој и зголемена конкурентност“, изјави МартаНаумовска Грнарова, Претседател на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Дводневната конференција на различни компании од сродни производни сектори овозможува за македонските компании проширување на бизнисот надвор од локалниот пазар, преку вклучување во ланците на добавување во секторот со странски компании. Овие средби ќе ја зајакнат соработката на лесниот преработувачки сектор на Македонија и Германија и ќе овозможи македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномирани странски компании.

„Убавината на директните бизнис состаноци е во тоа што наместо натпревар со еден победник, тие резултираат со позитивни исходи за сите вклучени страни. Не секој состанок ќе заврши со зделка, но зделките кои ќе бидат склучени неизбежно ќе донесат придобивки за пошироката економија преку зголемена ефикасност, продуктивност и вработувања“, објасни Едвард Гонзалез, Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД.

Во рамките на конференцијата беше промовиран и пилот проектот за воведување дуално образование во Македонија.

„Стопанството во Македонија се развива во нагорна линија. Ова лето во Франкфурт на Мајна се одржа иницијативата за добавувачи од Западен Балкан на која учествуваа македонски компании, а денес по втор пат во Скопје се одржува иницијатива за добавувачи која е одлична можност македонските компании да се претстават пред бројни странски компании и да станат дел од глобалниот ланец на добавувачи - реномирани странски компании“, изјави Патрик Мартенс, директор на делегацијата на германското стопанство во РМ. „Наша улога е координација на дуалното стручно образование меѓу стручните училишта, компаниите и јавниот сектор со цел да се зголеми бројот на стручно едуциран персонал“, додаде Патрик Мартенс, директор на Делегација на Германското стопанство.

Министерот за образовани, Арбер Адеми истакна дека во последните неколку години се наметнува потребата од промена на структурата, организацијата и содржината на стручното образование и обука, „Се наметнува потреба од воведување Дуално образование – модел кој создава поголеми шанси за едуцирање кадри со вештини и квалификации какви што навистина се бараат на пазарот на трудот во одреден период, а е резултат на брзите техничко технолошки промени, развојот на цели нови индустрии, иновациите и слично“.

Министерската за странски инвестиции, Зорица Апостолоска, во своето обраќање истакна „Задача на Владата на РМ е да ги подржува компаниите во нивниот развој, поттикнувајќи ја соработка помеѓу домашни и странски компании, што може да се препознае и од Планот за економски раст, во чиј рамки се донесе и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од каде јасно се гледа и владината определба за јакнење на конкурентната способност и капацитетите на домашните компании. Со овие мерки активно го поддржуваме усвојувањето и воведување на нови технологии во процесите на производство, се со цел домашните компании да се развиваат и создаваат производи со повисок стандард, а со што би се квалификувале за рамноправни партнери на странските компании. Затоа, со Законот за финансиска поддршка на инвестициите се предвидува финансиска поддршка за воспоставување и унапредување на соработката со домашни добавувачи, односно доколку некоја странска компанија изврши набавки за производството од македонски компании во висина од 15% од вкупните набавки, може да аплицира за поврат на средства во висина од 1% од вкупно направените набавки. Дополнително на ова, преку т.н. трет столб од Планот за економски раст, кои се реализираат преку Фондот за иновации и технолошки развој, се нудат голем број на мерки кои се стимулативни за македонските мали и средни компании да ги зголемат своите капацитет за соработка со странските инвеститори. Она што е важно за бизнисот, капиталот, односно за инвеститорите, е стабилно и безбедно економско и политичко опкружување, на кое што Владата посветено работи преку реализација на нејзините стратешки определби за полноправно членство во ЕУ и НАТО.“

Метало-машинскиот и електро-инженерскиот сектор во Македонија бележи брз развој со што овој сектор станува непроценлив за развојот на економијата на земјата во целина, преку поттикнување раст на извозот и БДП. Присутни се компании од автомобилската, метало-машинската, индустријата за производство на опрема и други индустрии од овој сектор.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг