29 Април, 2024
0.0277

Промотивна понуда од Еуролинк Осигурување

Ова лето Семејно приватно здравствено осигурување со една месечна рата бесплатно

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во годината кога го слави својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк Осигурување нуди ексклузивна можност за клиентите ова лето да го купат семејното приватно здравствено осигурување со попуст, односно да добијат една месечна рата бесплатно. Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства во приватните здравствени установи во Македонија и Европа.

Согледувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетно и пристапно здравствено осигурување, достапни се три пакети кои може да ги одберат корисниците за да добијат здравствена заштита, превентивни прегледи, но и лекување, вклучувајќи и специјалистички прегледи, третман на тешки болести, болничко сместување во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, за сите членови на семејството.

Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовни цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот. Односно, доколку купат кој било пакет на Семејно приватно здравствено осигурување до 12 септември оваа година,клиентите добиваат попуст на редовната цена на пакетот, односно добиваат една месечна рата бесплатно. 

На една полиса за Семејно приватно здравствено осигурување, сите членови на семејството можат да се лекуваат во приватните болници во Македонија, како што се „Клиника Жан Митрев“, „Ремедика“, „АџибадемСистина“, „Сантеплус” и слично, како и во реномирани болници во странство.

Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување за клиентите кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите за Семејно приватно здравствено осигурување Комфорт и Премиум со доплата од 900, 1150, односно 1650 денари месечно, во зависност од висината на лимитот кој е достапен за користење за овој тип здравствена услуга во период од пет години. Семејното приватно здравствено осигурување може да се купи во продажните места на Еуролинк Осигурување, преку агентите за осигурување на Еуролинк, а подетални информации се достапни на интернет-страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг