Ова се ТОП 100 највредни брендови на светот
Објавено во: Стил 05 Октомври, 2015
Интербренд ја објави најновата листа на највредни брендови на светот, а првото место го зазеде Епл, чија вредност е 170 милијарди долари. Следат Гугл, Кока-Кола, Мајкрософт и ИБМ.
Методологијата на Интербренд се смета за една од најмеродавните во бизнис светот кога е во прашање мерењето на вредноста на брендовите.
Во ТОП 100 оваа година се најдоа пет нови брендови: Лего (82 место), Пеј Пал (97), Мини (98), Moet&Chandon (99) и Леново (100).
Од познатите компании на листата, покрај Мајкрософт се најдоа и McDonald’s (9), Ikea (27), Axa осигурување (48), Сименс (53), DHL (80).
Целосната листа на ТОП 100 глобални брендови за 2015 може да ја погледнете тука.