03 Мај, 2024
0.0238

Оваа дестинација е најпосакувана за втор дом

Објавено во: Стил 21 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанија е најпосакувана дестинација во светот за купување на втор дом во февруари. 

Пиринејската држава го надмина САД со над 14% од вкупниот број барања за имоти за одмор. 

САД водеа во текот на седум последователни месеци. Двете држави редовно си го оспоруваат првото место на ранг листата. 

Трета е Португалија со 4% од испитаниците, а како земјата таа се искачува со 2 места на листата.

Топ 10 се дополнува со Италија, Индонезија, која се движи напред со 10 места во однос на табелата во јануари, Франција, Дубаи, Сингапур, Турција и Германија.

Повеќе од три децении откако Швајцарија ги либерализира купувањата на имот од странци, во моментов се засилуваат стравувањата дека побарувачката од странство помага за зголемување на цените.