02 Мај, 2024
0.0255

Оваа земја ги повикува Русите-Дојдете кај нас, заборавете ја Турција!

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Куба се надева дека ќе го презеде приматот од Турција и Египет, кои донеодамна беа најпопуларни дестинации за руските туристи, изјави кубанскиот амбасадор во Москва.

Руската влада им препорачила на своите туристички агенции да не продаваат пакет аранжмани за Турција откако турската војска собори руски воен авион над Сирија, додека летовите помеѓу Русија и Египет се прекинати после терористичкиот напад во кој над Синај е соборен руски патнички авион.

„Бројот на руски туристи во Турција и Египет се намалува, така што Куба е спремна да ги дочека руските гости“, рекол амбасадорот Емилио Лозада Гарсија и додал дека кубанскиот народ би ги поздравил „сите руски туристи“.

Амбасадорот нагласил дека Куба би можела да биде попристапна за руските гости на многу начини. Инаку, во оваа змеја националаната валута изгуби повеќе од својата вредност во однос на американскиот долар.