Пејачката Гвен Стефани продава вила од 29 милиони евра
Објавено во: Стил 19 Април, 2018
Прекрасната раскошна вила во Лос Анџелес, пејачката Гвен Стефани се обидува да ја продаде за 29 милиони евра. Џенифер Лопез живееше во вилата од 2002-ра до 2004-та година, и е навистина раскошна градба која вклучува голем базен, тениско игралиште и приватна теретана.
Вилата располага со околу 1.500 квадрати, а има седум спални и седум бањи. Внатрешноста е многу драматична, исполнета со контрасти на црно-бело, кадифени ткаенини и впечатлив метал, покрај базенот, тениско игралиште и теретана, има и отворен бар и кино.