09 Мај, 2024
0.0349

ПЕЛЕНСКА РЕВОЛУЦИЈА: Предизвик за Законодавецот!

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Што ќе донесе Пеленската Револуција? Дали оваа иницијатива е предвремена или навремена? Дали Македонија е подготвена за ваков чекор?

Граѓанската инцијатива „450 Породилно (Пеленска револуција) организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Потребните потписи за почеток на постапката се собрани.

Женски Магазин истражува што ќе добиеме, а што ќе изгубиме, разговорот со Марија Спиреска, адвокат читајте го овде.


Женски Магазин: Ќе добијат ли мајките право на избор со „пеленската револуција“?

Спиреска Интересна тема за размислување и предизвик за законодавецот да донесе практично законско решение, кое нема да ги дискриминира жените, туку ќе им даде право на избор, дали ќе користат породилно боледување од 9 месеци или подолго. Во никој случај не смее да се донесе закон, според кој сите жени ќе бидат обврзани да користат 18 месеци породилно боледување. Законодавецот мора да има предвид дека секоја амбициозна жена која сака да напредува во својата кариера, која се бори за успех во својата професија и која има амбиции да се надоградува, нема да прифати да користи породилно боледување од 18 месеци. Тој период е предолг и за жената ќе значи губење на континуитетот во работните обврски, во актуелни случувања, проекти и слично. Со самото тоа и губење на самодовербата. Жената треба да се реализира како мајка, но за да биде среќна и исполнета како жена, треба да биде реализирана и во својата професија. Државата мора да и го овозможи тоа со други механизми. Еден од тие механизми е подобрување на условите кои ги нудат државните и приватните градинки, како и воведување на сменско работење на градинките. На овој начин ќе и се олесни секојдневното функционирање.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“