03 Мај, 2024
0.0305

Пендаровски: Барањата на Бугарија од 2020

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, шефот на македонската држава, и Мило Ѓукановиќ, црногорскиот претседател, денеска во Вила Водно се согласија дека посетата на Мајк Помпео, државниот секретар на САД, оваа недела на двете земји значи и најава за зголемување на американското присуство на Балканот..

- Мислам дека е добра (посетата) од неколку аспекти. Последната посета на тоа ниво се случи пред 19 години од страна на Колин Пауел. Ова не е куртоазна посета. Според државите кои ги посетува - Италија, Црна Гора, кај нас, па завршува во Грција, значи дека не доаѓа во регионот да се разрешуваат предизвици, туку да им оддаде признание на тие што делуваа со својот пример. Неговата посета е симболика на враќање на голема врата на САД на Балканот. Клучни прашања во нашата земја беа решени со поддршка на САД и не можат да бидат решени ако САД не е вклучен во тие процеси, гласеше одговорот на Пендаровски на новинарско прашање. И Ѓукановиќ бо својот одговор наведе дека Помпео ќе испрати јасни пораки за сите нас во регионот. 

Претседателот го коментираше и соопштението на државниот врв на Бугарија, според кое источниот сосед нема да го блокира доделувањето на датумот за преговори, но барањата за ревидирање на некои аспекти во историјата, образованието и културата ќе ги наметне додека се отвараат поглавјата.

- Имаат врамени барања како бенчмаркови. Нема никаква најава дека Бугарија сега ќе не блокира додека ја чекаме одлуката на 15 или 17 октомври. Преговорите траат со години и тоа е долг процес. Од 2020 може да се отворат тие поглавја, кога ќе почнеме да преговараме. Тие што се внатре поставуваат услови на тие што се надвор. Тоа може да биде и сеевропска позиција. Пво ќе претходи скрининг-процес, па според тоа прашање е и дали ќе биде во 2020, наведе Пендаровски.

Во однос на потребата од затворање на некои дипломатски претставништва кои ги најави неодамна во телевизиски интервју, тој наведе дека последниот збор за тоа го има Владата.

- Дипломатски односи со друга држава воспоставува Владата, не претседателот, според позитивното законодавство. Побарав анализа од надлежното министерство кои амвасади не треба да постојат за да ја засилиме активниоста во побитни региони. Ми дадоа анализа и тоа го изјавив како евентуално, но се додека не помине во Владина процедура со формална одлука. Се зависи од владината одлука., Постојат таму сериозни аргименти дека треба да го редуцираат дипломатскиот персонал а и немаат ориентација како треба да функционираат, смета македонскиот претседател.

Инаку пристигнувањето на Ѓукановиќ е прва посета на странски претседател во мандатот на Пендаровски откако победи на претседателските избори во мај. 

- Односите продолжуваат да се развиваат без отворени прашања. За регионалната соработка колку што содржи предизвици, толку нуди и шанса за подобрување. Ги разгледавме и другите прашања од регионот во контекс на евроинтеграции. Црна Гора е меѓу првите земји која го ратификуваше пристапниот договор за членство во НАТО Сложни сме дека нема поголема движечка и трансформативна сила за една земја од евроинтегративните процеси, рече Пендаровски.

Црногорскиот претседател наведе дека е почестен што е прв претседател по изборот на Пендаровски кој ја посетува земјата. 

- Тоа не е случајно., Тоа е резултат на една темелна доверба. На тоа потсетив и денес во текот на нашиот билатерален разговор. Ние ја продолживме соработката која е за пример и од југословенскиот и од актуелчниот период. Да го обезбедиме посакуваното место за Црна Гора и за Македонија во евро-атлантскиот сојуз. Се трудиме Црна Гора да биде добар пример, во рок пократок од 13 години ние веќе сме членка на НАТО и лидер во преговарачкиот процес со ЕУ од Западен Балкан. Затоа сметаме дека е многу важно силно да ја поддржиме Северна Македонија. Не треба да има одложување на датумот за преговори со ЕУ. Сметаме дека е време за нова динамика во напредувањето на Северна Македонија., Сигналите на идната администрација на ЕУ се позитивни и веруваме дека ќе продолжи проширувањето, рече Ѓукановиќ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?