29 Април, 2024
0.0252

Пензиските друштва ќе ги информираат граѓаните за придобивките од членството во пензиските фондови

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Како да станам член на вториот и третиот пензиски столб, колку моите средства себезбедни, колку пари досега имам заштедено за пензионерските денови, кога може да почнам да ја користам пензиската заштеда и дали може да ја подигнам цела ..., се прашања кои најчесто си ги поставуваат граѓаните кои членуваат во задолжителните и/или во доброволниот пензиски фонд во земјава. Одговорите на сите овие прашања сега може да ги добијат на интернет страницата www.penzija.mk, каде ќе најдат бројни корисни информации поврзани со пензиските заштеди иначинот на функционирање на пензиските фондови на друштвата НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Двете пензиски друштва во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) деновиве почнуваат со интензивна кампања за информирање на јавноста околу членувањето во задолжителните и доброволните пензиски фондови со кои управуваат, за правата и обврските на осигурениците, како и за организацијата и функционирањето на пензиските друштва. Целта на кампањата е да се зголеми нивото на информираност на граѓаните во врска со реформираниот пензиски систем, пензиските фондови и придобивките што ги имаат од членувањето во нив.   

- Со реформите во пензискиот систем во Македонија  се воведоа  вториот пензиски столб кој функционира 12 години и третиот пензиски столб  кој функционира повеќе од 7 години, но сепак кај дел од населението сѐ уште постојат одредени недоумици поврзани со нивното функционирање. Токму затоа и ја создадовме страницата www.penzija.mk каде што на едно место осигурениците ќе ги најдат сите потребни информации поврзани со пензиските фондови, а ќе добијат и одговор на сите прашања и недоумици поврзани со пензискиот систем – велат од НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво.

Во двата задолжителни пензиски фондови во земјава (втор столб), заклучно со април годинава членуваат 437.940 членови и времено распределени лица, додека 23.271 лице се членови во еден од доброволните пензиски фондови (трет столб). Првиот и вториот столб се задолжителни за сите лица кои првпат се вработени по 1 јануари 2003 година,при што тука се слеваат пари издвоени од бруто-платата на вработените и истите може да се користат по остварување на правото на пензија. Во третиот столб членуваат лица кои сакаат да штедат дополнителни приходи за пензионерските денови.

Задолжителните членови во вториот пензиски столб треба да одберат еден од двата задолжителни пензиски фонда со кои управуваат НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во рок од три месеци од датумот на првото вработување. Доколку не склучат договор со некое од друштвата во тој рок, Фондот на ПИОМ и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС ги распределуваат времено  во еден од од фондовите. Доколку осигуреникот не знае во кој фонд е распределен и чиј член е, таа информација може да ја провери во МАПАС на имејл адресата contact@mapas.mk или на телефонскиот број 02 3224 229.

Сите членови на пензиските друштва секоја година добиваат извештај за износот на средства на индивидуалните сметки. Секој член може да ја провери својата пензиска заштеда во секое време на интернет страницата на пензиското друштво во кое членува (www.kbprvo.com.mk или www.nlbnpf.mk) со внесување на неговото корисничко име и лозинка кои се доставуваат во годишните извештаи. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг