02 Мај, 2024
0.1885

ПЕСОЧНИТЕ ПЛАЖИ МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИ: Сите попрво кон Грција отколку во Црна Гора

Објавено во: Балкан, Стил 30 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Се повеќе туристи одамна го избегнуваат Јадранот и своите пешкири за плажа ги преместија на Егејот. Хрватските брегови во деведесетите ги замени Црна Гора, а половина милион Македонци во последните години одмараат во Грција.

За повеќето наши граѓани кои успеат во текот на годината да издвојат пари за одмор, Грција стана вистински хит, прв и единствен избор.

Ниски цени, чисто и топло море, подобар пат, поблиску е, но и голем избор на места и сместувања, се главните причини, сметаат туристичките работници, што нашите граѓани летуваат на Егејското или Јонско море.

Убавината, мирисот и солената вода на Јадранот ги заменија некои други работи.

Црна Гора би требало да работи на подобра промоција на приватен смештај, да ги намали цените и да направи категоризација каква што постои во ЕУ, велат познавачи од секторот на туризмот.

Исто така, треба да се среди инфраструктурата и вода и струја да имаат во текот на целата година, како и хигиената да биде на малку повисоко ниво.

ЛЕТУВАЊЕ ЗА 100 ЕВРА: Еве каде можете да уживате летово за „џабе“!

Македонците одат во Грција бидејќи сместувањето е горе долу со иста цена, а што се однесува до патот и близината нашиот јужен сосед ни е поблизок и до Солун се стигнува побрзо отколку до црногорските брегови.

Од друга страна, грчките брегови се значајно пошироки па гужвите се помали. Исклучок се одредени места на Халкидики, како што се Ханиоти и Пефкохори, како и Олимпискиот регион, омилените дестинации на нашите граѓани. Поради тоа таму и гужвите се нешто поголеми. Посебно се примамливи островите, но поради транспортот за наш џеб се „изгор“. Посебно ако се оди со кола, поради цените на траектите.

Туристичките познавачи велат дека ни Црногорците не се трудат многу околу нашите граѓани бидејќи нивните бизнис амбиции се насочени кон богатите туристи, Русите, Украинците, Британците.

„Не се занимаваат премногу угостителите и туристичките работници во Грна Гора околу нашите туристи, како да не им сме многу важни. Се опуштиле, иако се трета дестинација каде заминуваат многумина на одмор, после Грција и Бугарија.

Црна Гора одлучила да го „гаѓа“ повисокиот слој на потрошувачи, а ние тоа не сме“, велат наши соговорници.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот