27 Декември, 2024
0.0378

ПЕТКРАТЕН ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТРУЈА – Како македонските компаниите се справија со проблемите од кризата?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Какво е влијанието на случувањата во Украина врз македонските компании, какви штети претпреа, кои сектори осетија најголем удар од конфликтот? Ова се дел од аспектите кои се истражуваа во анализата насловена „Влијанието на кризата од конфликтот во Украина врз фирмите во Македонија“, зад која стои професорот Марјан Петрески од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Инститот за истражување и политики „Фајненс тинк“. 

- Македонија има слаби економски врски и со Русија и со Украина, кои не учествуваат со повеќе од 2,5 отсто во надворешната трговија на Македонија. Но, една петтина од вештачките ѓубрива се увезени од Русија во 2021 година, што заедно со гасот и металите сочинуваат најголем дел од увозот. Финансискиот систем нема руска или украинска банка или друга финансиска институција. Со ова економијата беше заштитена од директно влијание на кризата, но македонските фирми беа индиректно погодени на неколку начини – се укажува во анализата. 

Аналитичарите потенцираат дека поради трговска отвореност, зголемените цени на клучните прехранбени производи и енергетските производи беа директно пренесени во економијата во првата половина од годината. Поради ова, до крајот на 2022 година, инфлацијата достигна 19,5 отсто, раст кој бил карактеристичен за периодот по осамостојувањето. 

Анализата утврдила дека големите фирми во Македонија се поизложени на шок од цената на електрична енергија. 

- Големите фирми во земјава купуваат електрична енергија на отворен пазар, обично на унгарски пазар на електрична енергија HUPX. Домаќинствата и мали деловни потрошувачи (под 50 вработени и годишен обрт под 10 милилони евра) се заштитени од нестабилноста на цената на електричната енергија преку работењето на регулираните пазар. Енергетската зависност е висока во Македонија, што се одразува на работата и конкурентноста на фирмите. Над две третини од потрошувачката на енергија во 2021 година е обезбедена од увоз – се нагласува во анализата. 

Од „Фајненс тинк“ посочуваат дека големите фирми, кои купуваат енергија на отворен пазар, забележаа пораст на трошоците за енергија кој надминува двојно, a неретко и петкратно, особено во индустријата и градежништвото. 

- Високоплатените услужни дејности забележаа поподносливи зголемувања на трошоците за енергија. Пренесувањето на шокот од цената на енергијата врз цените на сопствените производи и консолидацијата на трошоците се клучни стратегии за справување со кризата кај сите фирми – дополнуваат од институтот. 

Сепак, истакнуваат дека компаниите, особено средните и големите фирми се впуштија во инвестиции во капацитети за сопствено производство на електрична енергија, па дури и ги реорганизирале процесите за намалување на потрошувачката на енергија. Но, од друга страна малите фирми немаат стратегија за справување со трошоците за енергија, што може да биде одраз на нивното работење на регулиран пазар на електрична енергија и оттаму заштитата од Владата. 

Според аналитичарите, резултатите сугерираат дека учеството на трошоците за суровини се поголеми во структурата на трошоците за поголемите индустриски извозници. 

- Фирмите од сите големини одлучија да го пренесат ценовниот притисок врз нивните финални производи, а големите фирми почесто преземаат стратегија за намалување на трошоците отколку помалите фирми. Фирми на сите големини одложија некои планирани инвестиции за да се справат со напливот на цените на суровините, додека уделот на оние кои го прекинаа производството, и покрај малиот, главно е концентриран меѓу земјоделските фирми – се нагласува во анализата. 

Дополнително анализата покажала раст и на трошоците за работна сила за македонските фирми главно како резултат на пазарниот притисок генериран поради недостигот на работна сила и вештини од притисокот што го вршат зголемувањата на минималната плата. 

Сепак, процениле дека побарувачката за производите и услугите на македонските компании главно остана непроменета во текот на 2022 година. Иако има отстапки за некои сегменти. Така на пример за големите фирми во индустријата и градежништвото, побарувачката се зголеми, додека за други, како помалите локални фирми во земјоделството, побарувачката е намалена. 

- Сепак претходно постоечки структурен проблем, главно неповрзан на кризата предизвикана од конфликтот во Украина, е клучниот предизвик за фирмите, кои се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила. Трудот и недостигот на вештини е поизразен кај малите и средни фирми. Само за големите фирми цената на струјата утврдениот пазар се јасно највпечатливиот проблем – се потенцира во анлизата. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал