02 Мај, 2024
0.0366

Петровска: Непознато лице сакало да запали полициско возило и започнало престрелка

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес-конференција потврди дека непознато лице во Куманово сакало да запали полициско возило, а откако го затекнале полицајците сторителот отворил оган.

- Непознато лице сакало во Куманово да запали автомобил при што дошло до престрелка со полицајците. Во обид да избега, лицето започнало престрелка со полицајците. Во моментов се работи на истрагата, по што ќе има повеќе детали, рече Петровска.

Таа додаде дека останува на ставот дека Ристе Ставревски не треба да биде началник на СВР Скопје како назначен од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

- И покрај одлуката на Државната изборна комисија, која се прогласи за ненадлежна, сметам дека не треба да се ангажира лице кое вршело предизборни притисоци. Но, на крајот секој си ја сноси политичката одговорност, рече Петровска, која односот со Чулев го оцени како коректен.

Сепак, дополнителната заменик-министерка предупреди на паралелни структури и рушење на принципот на хиерархија во МВР.

- Постои коректен однос со Чулев, но не отстапувам од кривичната пријава што ќе биде поднесена кога ќе биде подготвена, вели Петровска.

Таа најави дека наскоро ќе им биде исплатена бонус-платата која полицајците ја заработиле во 2019.




Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање