29 Април, 2024
0.0993

Пиете вода од пластични шишиња? Внесувате 24 000 хемикалии!

Објавено во: Стил 21 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Водата во флаширана во пластично шише е популарен пијалок, бидејќи лесно се носи во чанта или едноставно во рака.

Но, таа не е добар избор за здравјето.

Германско истражување покажува дека само во едно пластично шише има околу 24 520 хемикалии. Некои од овие хемикалии се особено опасни за човечкиот организам, пишува списанието „PLoS One“, каде се објавени резултатите од истражувањето. Голем дел од истражувањата, покажале дека водата имала огромни количини на опасни супстанции „DEHF“ (2 etilheksil fumarat) кои го менуваат хормоналниот состав на организмот.

Научниците анализирале 18 различни примероци вода, кои можат да се купат во Франција, Италија и Германија. По серија сложени анализи, утврдиле дека поголемиот дел од водата флаширана во пластично шише содржи различни хемикалии, поточно 24 520 различни хемикалии.

Забележано е дека во водата се наоѓаат и хормони, кои можат да го нарушат здравјето на хормоналната рамнотежа.

Уште повеќе чудно е дека има и некоја хемикалија која спречува откривање на штетни хемикалии или комбинација од нив, а сеуште не се знае каква е.

Научниците велат дека присуството на хемикалии не мора да значи дека корисниците ќе развијат тешки и опасни болести, но нагласуваат дека сепак станува збор за многу алармантни откритија.

Особено загрижува фактот со хормоните, кои можат да влијаат на репродуктивниот систем кај жените, особено во помладата возраст.

„Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци, како кои од сите хемикалии влијаат на здравјето. Потребни се дополнителни истражувања.

Но сигурно можеме да кажеме дека водата во шишињата не делува добро на човековото здравје“, истакнал Блумберг Брус од Универзитетот Калифорнија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти