02 Мај, 2024
0.0295

Платформата за онлајн настава ќе биде лесна: Општините да ангажираат дополнителен кадар, а хронично болните наставници ќе предаваат од дома

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска по средбата со градоначалниците изјави дека ги усогласуваат сите детали за почетокот на учебната година, нагласувајќи дека не треба да се оди во крајности „или образование или здравје“, туку мора да се најде едно решение кое ќе биде добро за сите. Вели дека платформата ма која ќе предаваат наставниците, а на која ќе учат децата онлајн ќе биде многу поедноставна за да може сите да се снајдат.

-Позадинскиот дел е завршен, а кога ќе се направи и интерфејсот, платформата за далечинско учење ќе биде презентира на јавбоста. Оттогаш ќе започне и интензивната обука за која е задолжен тим кој ќе држи предавања за платформата за сите училишта. Секако дека нема да постигнеме сите во ист момент да имаат еднаков квалитет на знаење за платформата, но ако таа биде едноставна, верувам дека наставниците многу брзо ќе се приспособат на неа и ќе имаме добра настава во 2020/2021, рече Царовска

Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој денеска присуствуваше на состанокот како  претседател на ЗЕЛС, не можеме да се најде совршено решение за отпочнување учебната година и исполнување на обврските од страна на општините, но интензивно се работи на прибирање на податоците кои мора да ги достават до МОН до 10.септември.

-Не можеме да најдеме совршено решение за отпочнување учебната година и исполнување на обврските од страна на општините. Треба да се најде доволно добро, како би се гарантирало здравјето на децата. Правото на здравје и образование се паралелни за едно дете. Продолжуваме со разговорите, работиме на обезбдување на технички услови за непречена онлајн настава. Со можностите со кои располагаме материјални и технички, да овозможиме оптимален старт на учебната година. До 10. септември, треба да го известиме Министерството за тоа колку школи ќе почнат со физичко присуство, а колку онлајн. Работиме на условите за непречена онлајн настава, а во овој момент се едуцираат наставнаците за работа на платформата. Часовите за октомври и ноември се снимени и веќе може да се закачат на платформата, потенцираше тој.

Што се однесува пак до наставниците кои имаат некакво хронично заболување и кои поради корона кризата во земјава се ослободени од работа, министерката истакна дека ќе може да држат онлајн натава од дома, а некаде ќе биде вклучен и дополнителен кадар. Рече и дека општините ќе мора да се реорганизираат.

-Оние наставници кои ќе работат од дома, овие денови поднесуваат барања до директорите на училиштата и наскоро ќе ја имаме и таа бројка за тоа колку наставници ќе работат од дома, појасни Царовска.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?