29 Април, 2024
0.0252

Платинум статус за Скопје Мериот Хотел

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопје Мериот Хотел го доби сертификатот за платинум статус во однос на грижата и придонесување кон благосостојбата за своите вработени и соработници. Сертификатот и статусот платинум, што е највисоко ниво на создавање поволности, се добива врз основа на оценување на параметрите за лидерство, предизвици за создавање благосостојба, здрава исхрана и физичка активност, грижа за образование и здравствената состојба.


„Стекнувањето со овој сертификат значи дека Скопје Мериот хотел ги поддржува основните вредности на Мериот, се грижи за своите вработени и соработници и уште континуирано презема чекори за да ја унапреди атмосферата, а хотелот да биде посреќно и поздраво место за работа. Она што е исто така важно, а овој статус го носи, е тоа што создавањето среќна и задоволна внатрешна атмосфера во хотелот е само еден чекор од совршената услуга кон нашите гости и придонесување кон создавањето позитивно искуство од престојот кај нас“, изјави Роузан Чечењан, Директор за човечки ресурси во Скопје Мериот.


Сертификацијата на хотелите за создавање поволни услови е годишна програма за признавање на Мериот која ги наградува хотелите и нивните напори за промовирање на сите области каде е постигната здрава и среќна средина за вработените. Во изборот учествуваат сите 1600 Мериот хотели глобално, од 1229 локации низ светот, а само 630 хотели го добиле сертификатот платинум.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг