12 Мај, 2024
0.0251

ПО БРЕГЗИТ, Шкотска ќе бара нов референдум за независност

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Шкотска својата иднина ја гледа во големото европско семејство.

Шкотската национална партија најверојатно ќе бара одржување нов референдум за независност на Шкотска, изјави денеска поранешниот шкотски премиер, Алекс Салмонд.

Ова уследи откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија за излез од ЕУ, а мнозинството жители на Шкотска гласаа за останување во Унијата.

Салмонд во изјава за „Скај њуз“ кажа дека за Шкотска е разумно никогаш да не ја напушти ЕУ.

На прашањето дали сегашната лидерка на СНП и прва министерка на Шкотска, Никола Старџен ќе инсистира на втор референдум за независност на Шкотска, Салмонд одговори дека таа сигурно ќе го направи тоа.

Старџен претходно денеска изјави дека Шкотска јасно покажала дека својата иднина ја гледа во рамките на ЕУ.

Познатата писателка на серијалот за Хари Потер, Ј.К.Роулинг рекла дека Шкотска ќе бара независност.

„Шкотска сега ќе бара независност. наследството на Дејвид Камерон ќе ги раздели двете унии. Ниту една од овие два работи не смееше да се случи“ - напишала таа на Твитер.

По референдумот во Велика Британија се огласи и Син Фајн, група составена од неколку ирски националистички партии и тие велат дека гласањето за излегување од ЕУ во Северна Ирска мора да преставува референдум за ирското национално единство.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена