07 Мај, 2024
0.0395

По дојава за наводно киднапирање отишле во Шутка и добиле ќотек

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција денеска изјави дека двајцата полициски службеници кои синоќа беа повредени во Шуто Оризари не биле на службена должност, туку во населбата пристигнале по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање на деца. 

Еден е со полесни, а друг со потешки повреди.  Според полицискиот билтен вчера попладне малолетничка тврдела дека видела како непознати луѓе насилно внеле женско лице во комбе, по што вечерта се собрале група револтирани граѓани кои ги истепале полицајците кои не биле на должност. 

На распит во полиција се повикани повеќе лица. Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот и додаваат дека во текот на овие два дена нема пријава за исчезнато или грабнато лица на подрачјето на Скопје.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, повикува на смиреност.

„Сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација, која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот“, вели Дудуш.

Тој порачува дека граѓаните на општината Шуто Оризари треба да бидат претпазливи.

„Доколку граѓаните сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата и градинките, да го направат тоа, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата и градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности“, додава Дудуш.

Градоначалникот смета дека нема простор за страв и паника.

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена