02 Мај, 2024
0.0282

ПО ЗАЕВ И ЈАНКУЛОСКА: Али Ахмети на ред да каже што знае за случајот „Монструм“

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

По сведочењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, па екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска , денеска за процесот „Монструм“ како сведок излегува лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Покрај Ахмети, како сведок ќе биде и обвинителот Џелал Бајрами кој во 2012 кога се случи трагедијата беше заменик-министер за внатрешни работи. Тие двајцата неколку дена по петкратното убиство кај Смилковско езеро комуницирале преку смс пораки.

„Монструм“ е случај во кој беа убиени четири момчиња и еден рибар а немилиот настан се случи пред осум години на 12 април 2012 година.

Родителите на младите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски се уште не можат да се помират со судбината дека токму нивните најмили беа убиени на монструозен начин.

За убиството осудени на доживотен затвор беа Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Сепак, подоцна ослободени од притвор беа Исмаиловиќ, Азири, Љута и Азири а процесот се врати на повторно судење и преземен беше од СЈО.

Што кажа Заев на сведочењето?

Заев, на барање на родителите на убиените момчиња сведочеше пред неколку дена потврди дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“. На една од средбите, дел од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им презентирал аудио материјали кои ги побарале, без да им даде копија.

За тоа што јавно не ги објавил материјалите, Заев рече дека единствена причина била што сметал дека не постои целовитост за создавање целосна слика, и затоа на крајот решил, се што поседува, да не биде објавено, туку дека да биде доставено до СЈО, за тие да ги употребат за докажување на вистината за „Монструм“ пред судот.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање