09 Мај, 2024
0.0320

Побарана екстрадиција од Емиратите за Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

Објавено во: Македонија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, лидерите на криминалната банда од Грчец која подолго време, барем според соопштенијата во јавноста, полицијата се обидува да ја разбие. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.

Обвинителството за гонење на организиран криминал месецов до Министерството за правда поднесе барање за екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати на Муареми и Чајани, осомничени дека биле дел од криминална група од Грчец инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства.

Инаку, по еден месец од големата полициска акција за разбивање на криминалната група, името на Шеваљ Муареми и на уште седум осомничени за овој предмет се најдоа и на листата на МВР на лица кои се бараат со меѓународна потерница. Сите се од општините Чаир и Сарај, а меѓу нив има и 20 годишно момче. 

За Муареми веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

Во јануари годинава, МВР поднесе кривични пријави против 16 лица, но во Македонија беа уапсени шест. Тогашниот министер Оливер Спасовски рече дека во наредниот период ќе се приберат докази и за други кривични дела сторени од овие лица и дека јавноста ќе биде изенадена од имињата кои ќе ги слушне во следниот период, меѓу кои биле лица и од министерството, од судови и други институции, но еден месец подоцна нема детали дали оваа истрага ќе биде проширена со нови имиња.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“