Почина еден од најголемите грчки политичари и поранешен премиер на земјата
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2017
Почина поранешниот премиер на Грција Константинос Мицотакис. Тој е и татко на лидерот на најголемата опозициска партија во Грција „Нова демократија“ Кириакос Мицотакис.
Константинос Мицотакис почина на 98 години.
Мицотакис е роден на островот Крит. Тој е внук на грчкиот политичар и повеќегодишен премиер на Грција Елефтериос Венизелос. Константинос Мицотакис ја создава во 1977 година Партијата на новите либерали, а во 1978 година ја приклучува на „Нова демократија“, која подоцна ја предводи.
Премиер на Грција е од 1990 до 1993 година. По поразот на изборите во 1993 година го напушта партиското лидерство во „Нова демократија“, но ја задржува функцијата почесен претседател. Бил министер за финансии и за надворешни работи на Грција.
Во 2004 година го напушти парламентот.