Почна масовно апсење на исламисти во Европа
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2017
Во Шпанија, Велика Британија и Германија се уапсени 6 лица за кои се верува дека се дел од „Исламска држава“.
Од нив 4 се уапсени во Мајорка, Шпанија, и по еден во Британија и Германија.
Во Британија е уапсен имам кој ги предводел салафистите и за кого повеќе земји имаа издадено потерници.
За упасениот во Германија се соопштува дека имал задача да направи пропаганден материјал.
Ова апсење нема врска со некој планиран напад.
Националноста на лицата за кои се води истрага од 2015 година не е соопштена.