02 Мај, 2024
0.0272

ПОЧНУВА ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ НАД 40 ГОДИНИ: Термини добиле сите што се пријавиле до крајот на април

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Во текот на оваа недела на пунктовите во Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, против Ковид-19 ќе се вакцинираат сите граѓани над 40 години, кои до крајот на април се пријавиле  во системот www.vakcinacija.mk. Дел од нив со кои разговараше Фактор, велат дека во саботата добиле СМС пораки во кои е наведен терминот и пунктот за вакцинација.

-Да бидам искрена, не очекував дека ќе успеам сега, во овој период да добијам термин, зошто и покрај најавата на здравствените власти, дека сите што сме се пријавиле ќе добиеме термин, сепак предност се даде на повозрасните граѓани кои се пријавиле и во текот на мај. Но, ете, имам термин за во четврток попладне на еден од пунктовите во Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, вели скопјанката М.С.

Во однос на тоа што нема избор на вакцини, вели дека сепак е среќна што ќе ја добие вакцината на Синофарм.

-Ќе бев позадоволна да ја добиев вакцината на Фајзер. Доста читам околку сево ова, и сите студии укажуваат дека е број еден меѓу вакцините против Ковид-19, особено што многу брзо создава антитела и има огромна ефикасност проотив спајк протеинот. Освен тоа, ние помладите сакаме да патуваме, а вакцината на Фајзер е призната и од ЕМА, европскиот регулатот, и од Американската агенција за лекови, но искрено верувам дека не би имало дискриминаторски однос од страна на земјите за тоа со која вакцина е некој заштитен против вирусот. Најважно е да се сочува здравјето, а дефинитивно сите вакцини, барем од студиите што ги читам и што постојано сум во тек со сето ова, се ефикасни. Некои побрзо, некои поспоро, но сепак го билдаат имунитетот против корона вирусот, вели таа.

И министерот за здравство, Венко Филипче, вчера објави дека вакцинацијата ќе се спроведува и за помладите граѓани во текот на овие денови, а освен тоа, уверува дека во следните 3 дена и во останатите градови термин за вакцина ќе добијат сите над 40 години, кои до крајот на април се пријавиле за вакцина.

-Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., пишува министерот Филипче во неговата објава на Фејсбук.

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација од ден на ден е се поголем, а до петокот се пријавени над 340.000 граѓани, а аплицирани се 203.324 дози вакцини, додека ревакцинирани, односно целосно вакцинирани против Ковид-19 се 24.851 граѓани.

-Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, велат од Министерството за здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Во тек е вакцинацијата на приоритетните граѓани, над 70 годишна возраст, а од вчера се вакцинираат и пациенти со  дијализа и трансплантација. Следни ќе бидат лицата со ретки болести, а понатаму сите останат.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар