29 Април, 2024
0.0270

Помошникот генерален-секретар на ОН Мирослав Јенча се сретна со Заев

Помошникот генерален-секретар на Обединетите нации за политички прашања Мирослав Јенча ја заврши посетата на поранешна југословенска Република Македонија

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Помошникот генерален-секретар на Обединетите нации за политички прашања Мирослав Јенча ја посети поранешна југословенска Република Македонија од 4 до 6 март

Во Скопје, Јенча се сретна со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателите на собраниските комисии, претставници од граѓанското општество, дипломатскиот кор и тимот на Обединетите нации.

Помошникот генерален секретар на ОН ја поздрави посветеноста на премиерот Заев за спроведување на реформите како и заложбите на владата за демократија, владеење на правото, човековите права и меѓуетничките различности. Тој понуди поддршка од системот на Обединетите нации во спроведувањето на реформите, особено во областа на достигнување на Целите за одржлив развој.

Јенча ја поздрави и активната поддршка на владата за тимот на Обединетите нации во земјата, како и учеството во работата на ОН и на глобално и на национално ниво. На средбите беше нагласена и важната улога на политичките лидери и граѓанското општество во спречување на поделбите и во унапредување на правата на малцинствата и јакнење на улогата на жените.

Помошникот генерален секретар на ОНсе осврна и на посветеноста на владата за подобрување на односите со соседите, нагласувајќи дека направените чекори испраќаат важна порака за зголемена регионална соработка и надминување на наследството од минатото во клучен временски период.  Обединетите нации целосно ги поддржуваат овие напори.

Можеби ќе ве интересира

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа