10 Мај, 2024
0.0284

Попов: Иднината на фармацијата е во развој и производство на биолошки лекови

Објавено во: Економија 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Темата за тоа кои и какви лекови се користат во Македонија станува сѐ поактуелна во последно време. За да дознаеме повеќе за тоа во која насока се движи фармацевтската индустрија во светот и кај нас, разговаравме со Александар Попов, директор на „Алвоген“ за Македонија.

Каква е состојбата на пазарот со лекови во Македонија?

Попов: Македонскот пазар е мал и во него Фондот за здравствено осигурување одвојува нешто над 50 милиони евра, a отприлика дополнително толку средства се одвојуваат од џебот на граѓаните за лекови кои не се на товар на Фондот, а се препишани на рецепт од лекар. По оваа математика може да се заклучи дека потрошувачаката за лекови е околу 50 евра годишно по глава на жител, што е далеку од ЕУ, каде што се движи од околу 300 евра во Португалија, па сѐ до околу 700 евра во Германија по глава на жител. Исто така помала е потрошувачката во однос на државите од регионот, каде што на пример, во Црна Гора тој износ е околу 100 евра по глава на жител, во Србија околу 80 евра, а во Босна околу 65 евра по глава на жител.

Ваквата слика се должи на повеќе фактори кои можам да ги видам, а тоа се ниските цени на лековите, застарената позитивна листа, недоволен интерес на мултинационалните компании за влез со нови молекули на пазарот поради буџетот, големината на пазарот и ниските цени.

Генерално пазарот е добро регулиран, со една од најнапредните агенции во регионот (Агенцијата за лекови), која успешно го контролира квалитетот на лековите и го одржува на задоволително ниво. Потребни се корекции во Законот за лекови, во однос на регулирање на увозот, за дополнително да се гарантира квалитет на највисоко ниво.

Во однос на државниот буџет за лекови, Владата заедно со Фондот за здравствено осигурување ќе мораат да ја ревидираат и прочистат застарената позитивна листа, да обезбедат дополнителни финансиски средства и истата листа ја заменат со понапредни терапии. На овој начин на граѓаните ќе им бидат достапни помодерни молекули, што долгорочно ќе резултира со подобро здравје, а на тој начин и ќе се направат заштеди во други области од здравствениот систем.

Вие сте директор на Алвоген за Македонија? Што би рекле дека ѝ дава предност на вашата компанијата во однос на конкуренцијата?

Попов: Алвоген e нова генерација на фармацевтска компанија. Фокусирана e на развој, производство и продажба на генерички лекови, брендирани и биослични лекови и ОТЦ производи. Присутни сме во 35 држави, на три големи пазари: Америка, Европа и Азија. Нашата предност е во уникатната страгија за раст. Компанијата вложува многу во развој и производство на нови лекови, како и биослични лекови, при тоа грижејќи се за квалитетот и услугата. Тимот е составен од талентирани и искусни вработени, кои се посветени да изберат или развијат најмодерни молекули, односно лекови со најдобар квалитет, кои ќе им помогнат на луѓето да живеат подолго, да бидат посреќни и позадоволни. Кај нас со квалитетот не се прави компромис. И уште нешто, што е тесно поврзано со јадрото на нашата филозофија, а тоа е општествената одговорност. Како компанија се трудиме да ја  искористиме моќта на нашиот бренд за да промовираме позитивни вредности кои ќе влијаат на заедниците во кои живееме и работиме.

Споменавте „биослични лекови“. Може ли подетално да објасните што тие претставуваат, какви им се карактеристиките и по што се разликуваат од другите лекови?

Попов: Биослични (biosimilar)лекови се биолошки лекови за кои е докажана сличност во однос на квалитетот, биолошката активност, сигурноста при примената и ефикасноста со биолошки лек, кој веќе има одобрение за промет. Во однос на референтниот биолошки лек, биосличниот лек има можност да се пушти во промет од кога ќе истече ексклузивноста на податоци на референтниот лек. Со употреба на овие лекови постигнат е револуционерен напредок во третманот на многу заболувања особено онколошките, ревматолошките, хематолошките и автоимуните заболувања. Биосличните лекови имаат и уште една предност, а тоа е пониската цена во однос на референтниот лек, поради што сѐ повеќе стануваат предмет на избор на пациентите.

Имајќи го предвид ова, како според вас ќе се развива фармацевтската индустрија во наредните 5 до 10 години?

Попов: Пред да искоментирам за наредните 5 до 10 години, треба да се вратиме десетина, па и петнаесет години наназад, кога глобалниот фармацевтски бизнис беше дефрагментиран, со голем број многу мали играчи на пазарот распрксани во различни терапевтски области или географски региони. Во изминатиот период се случија многу окрупнувања, преку преземања или здружувања на компаниите, каде што дел се интегриираа вертикално, дел се проширија во терапевтските области, а поголемиот дел се раширија географски. При овие окрупнувања на конкуренцијата дел од нив се соочија со големи задолжувања, преземања на презадолжени компании, преземања на компании со исти терапевтски области, а истовремено, поради глобалната финансиска криза дојде до вртоглаво пaѓање на цените на лековите, што доведе до помали приходи од очекуваните така што дел од копрорациите се соочија и со големи загуби. Во следните неколку години, треба да очекуваме да дојде до консолидација на фармацевтските бизниси така што дел од окрупнетите компании кои имаат потешкотии со билансите, ќе мораат да најдат начини како да ги отстранат потешкотиите, а пак тие што имаат здрави биланси ќе инвестираат во модерни терапии како би ја зголемиле идната конкурентска предност. Во однос на развојот на производи, сѐ поголемо е учеството на биолошката терапија насекаде во светот, со што комапниите со здрави биланси ќе се насочуваат сѐ повеќе во развој и производство на биолошки лекови.

Во Македонија сте присутни од 2011 година. Може ли да сумирате кои производи од вашето портфолио се најбарани (најпрепознатливи) кај нас?

Попов: Во овие шест години Алвоген во Македонија успеа да регистрира и пушти во промет преку 35 молекули во преку 50 јачини и дози. Нашето портфолио најмногу е фокусирано во онкологијата, урологијта, кардиологијата, а во последно време имаме значаен раст во пулмо-алергологијата, ревматолгоијата и гастроентерохепатологијата.

На почетокот од 2012 почнавме со еден производ, прва генеричка ибандронска киселина, нашиот Алводроник, кој додаде дополнителна вредност во терапијата за остеопороза и со тој производ ги отворивме вратите на македонскот пазар. Веднаш потоа лансиравме неколку производи на онкологија, каде што беше првиот биосличен производ во Македонија, лекот Nivestim. Понатаму навлеговме во пулмоалергологијата за некаде на почетокот на 2013-та година да го донесеме првиот и сѐ уште единствен кардиолошки триметазидин, кој е инаку прв метаболен модулатор во Македонија. Истата година лансиравме уште еден производ со единствена формулација, електролитите Алвоген ОРС во форма на шумливи таблети. Со тек на активностите, успеавме да го прошириме портфолиото во секоја терапевтска област што претходно ја отворивме, па први ја донесовме молекулата Telmisartan која е најмодерна генерација на сартани во Македонија. Во делот на онкологијата единствени сме на пазарот со лекот Goserelin под брендот Reseligo, кој се користи при терапија на карцином на простата кај мажи, карцином на дојка кај жени и други гинеколошки пореметувања од типот на ендометриоза и утерусни фиброиди.

Какви се плановите на компанијата за наредната година и на глобално и на локално ниво?

Попов: Ако се навратиме околу пет години наназад, глобалниот промет на Алвоген беше само неколку десетици милиони долари, а прометот денес достигнува една милијарда долари, што ја прави да биде една од најбрзо растечките компании во индустријата. Овој тренд ќе го продолжиме и во иднина, со цел да станеме дел од листата на петте најголеми генерички компании во светот. Оваа состојба ќе се отслика на сите пазари каде што Алвоген е присутна, така што во Македонија се очекува дека за краток период ќе бидеме во првите пет генерички компании на пазарот.


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили