02 Мај, 2024
0.0257

Порака во шише фрлена во морето пред 29 години преживеа ураган

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Жена во Јужна Каролина пронашла порака во шише која е фрлена во морето пред 29 години. 

Пораката во шише во 1988 година ја фрлила Миранда Чавез која имала само 8 години. 

На плажата Едисо таа ја фрлила во шише пораката до светот. 

Линда и Давид Хумпирес ја пронашле  додека чистеле локална плажа. 

Иако Чавез имала само 8 години, во пораката ја оставила и својата адреса. 

Но, таа веќе на живее на истата адреса и ја контактирале на Фејсбук. 

„Одлично е штом нешто толку мало може да ве врати во детството, во најсреќните денови од животот“ - рекла Чавез. 

Таа се зачудила како е можно пораката во шише да го преживее ураганот Хуго од 1989 година.