ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ ВО СРБИЈА: Се очекува големо невреме
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2020
Портокалов
метеоаларм денеска е прогласен за Поморје, Шумадија, Источна и Југоисточна
Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод уште утринава издаде
предупредување дека делови од земјата ќе бидат зафатени од олујни ветрови и
поројни дождови.
-Не очекува нестабилно време со големи количества врнежи од 20 мм во кратоквременски период. Невремето ќе биде проследено со грмотевици и силен ветер во централните, источните и југоисточните делови на Србија, се наведува во соопштението на РХМЗ на Србија.
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, силно олујно невреме проследено со град погоди повеќе српски села: Прилика, Катиќ, Дубрава, Меџуречје, Мочиоци, Ровци, Лука и Лиса. Според извештаите, таму има голема материјална штета. Градот со големина на јајце, уништил уништиовошни насади, зеленчук, а на некои куќи ги оштетил и покривите.
Биле отсечени и неколку патни правци во близина на селата.