ПОСЛЕДНА СЕДНИЦА: Бугарската влада гласа за оставката на Борисов
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2016
Кабинетот на Борисов се собра на последно заседание. Се очекува во 14 часот (по наше 13) денес парламентот да ја почне дебатата и да гласа за депонираната оставка од премиерот на Бугарија.
Вториот кабинет на премиерот и поранешен градоначалник Бојко Борисов траеше две години и девет дена. И во првиот и во вториот тој не го заврши својот мандат.
По дебатите, кои започнуваат во 14:00 часот по бугарско локално време, пратениците ќе треба да одлучат дали да ја прифатат или да ја отфрлат оставката на Борисов.
До повлекувањето на Владата дојде по загубата на ГЕРБ на претседателските избори - во вториот круг кандидатот Цецка Цачева загуби со над 23% разлика од независниот генерал Румен Радев, поддржан од БСП.Во изборната ноќ Борисов изјави дека ќе поднесе оставка и ќе го врати мандатот, кој претседателот им ги доделува на првите по големина парламентарни групи.