02 Мај, 2024
0.0252

Потпишан меморандум за деловно техничка соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Македонска Руска стопанска комора

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Денес во Скопје од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Македонска Руска стопанска комора е потишан Меморандум за деловно техничка соработка.

Меморандумот, го потпишаа Директорот на Агенција за храна и ветеринарство на РМ - Зоран Поповски и Претседателот на Македонска Руска стопанска комора - Ѓорѓи Дика, во присуство на претставници на македонски компании од млечната и месната индустрија кои претходно беа посетени од страна на инспекциските служби на "Россељхознадзор" (Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација).

seminar

"Меморандумот е резултат на остварената соработка и потребата од усовршување на компаниите и инспекциските служби во однос на руските законски прописи и правила", изјави Ѓорѓи Дика, кој истакна дека овој меморандум ќе придонесе за значајно зголемување на соработката помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и членките на Македонска Руска стопанска комора во правец на развој на трговско-економските врски со Руската Федерација".

 Од денес, во организација на Македонска Руска стопанска комора, во Скопје се одржува дводневен семинар под името Семинар за законска регулатива, правила и прописи за извоз на млеко и млечни производи, месо и месни производи во Руската Федерација и Евроазиската Царинска Унија, на кој пристуствуваат претставници на компании од македонската млечна и месна индустрија. Семинарот го отвори Извршениот директор на Македонска Руска стопанска комората,  Дејан Бешлиев, кој говореше за значењето на информираноста и едукацијата во процесот на подготовките со што се скратува патот до успехот и посакуваните резултати.

seminar 2

Во рамките за семинарот, од страна на предавачи од А-ЦЕРТ, – официјална сертифицирана агенција на "Россељхознадзор", учесниците се запознаваат  со законската регулатива, процедурите, правилата и прописите како и со сите детали со кои компаниите ќе се сретнат во пракса при извозот на млеко и млечни производи, месо и месни производи на рускиот пазар и пазарите на Евроазиската Царинска Унија. Целодневните активности покрај предавањата предвидуваат дискусии по посебни теми, а сите учесници ќе добијат сертификат за посета на семинарот.

seminar 1

Македонско-Руската комора која во дел на активностите е насочена кон зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација, оценува дека со воведување на семинари и обуки, македонските компании поединечно ќе се стекнат со дополнителни придобивки и ќе бидат подготвени за планско и ефикасно постигнување на зацртаните цели, што ќе се одрази на целокупната слика со зголемување на финансиските резултати од извозот на македонски производи во Руската Федерација.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор