11 Мај, 2024
0.0319

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска во просториите на ЗНМ претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и претседателот на Здружението на судии Џемали Саити како и претседателот на Судско-медиумскиот совет Иван Џолев потпишаа меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е подобрување на меѓусебна соработка помеѓу новинарската и судска фела и унапредување на соработката во областа на судската транспарентност. Судско медиумскиот совет и ЗНМ  во иднина ќе соработуваат во подготовка на Стратегија за зајакнување на судската транспарентност како и подготовка и промоција на други документи од областа на транспарентноста и односите со новинарите и медиумите. Двете организации во иднина ќе организираат заеднички настани за новинари и судии и ќе соработуваат во заеднички проекти од областа на медиумите и правосудството.

„Соработката на новинарите и судиите е важна во насока на подобрување на јавниот имиџ на двете професии пред јавноста како предуслов за подобрување на довербата на граѓаните кон професионалните новинари и одговорните судии“, истакна Младен Чадиковски.

На средбата претседателот на советот и на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев кажа дека „Кривичниот суд како и досега, останува отворен за соработка со новинарите и медиумските работници со желба за продлабочување на соработката. Воедно отворени сме и за нови идеи и предлог проекти од медиумите кои се во правец на поголема отвореност на судот што е во корист пред се за јавноста и јавниот интерес. Во иднина ќе се залагаме за уште поголема транспарентност не само на Кривичниот суд, туку и на целиот правосуден сектор, а истовремено очекуваме објективно и професионално известување за работата на судот“. 

Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија Џемали Саити кажа: „Овој меморандум е само почеток а во иднина имаме волја и желба да имаме конкретни проекти со ЗНМ преку кои ќе бидат заедно вклучени и новинарите и судиите а со цел да се зајакне довербата помеѓу овие две фели и да се подобри самата комуникација“.

Една од првите заеднички активности во рамки на овој меморандум ќе биде и изработката на Стратегијата за зајакнување на судската транспарентност во која ќе бидат дефинирани целите за идните делувања.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?