29 Април, 2024
0.0259

Повеќе детали за технологијата „Force Touch“ на „iPhone 6s“

Објавено во: Стил 12 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Една од новите технологии, која очекуваме да се најде во следното издание на „iPhone“, ќе додаде дополнителни можности за интеракција со телефонот.

Станува збор за „Force Touch“ која американската компанија веќе ја користи во „Apple Watch“ и во некои лаптопи „MacBook“, па нејзиното пренесување на телефоните беше само прашање на време.

Според информациите од изворите на „9to5Mac“ „Force Touch“ ќе се користи како начин за прикажување на менијата, активирање на функции и пристап до бaзни врски. По се изгледа дека таа ќе дејствува поинаку во зависност од местото на употреба, што до одреден степен звучи збунувачки.

Пример примената на „Force Touch“ врз икона ќе може да укаже на апликацијата да отвори специфичен екран наместо главното мени, а ако се користи во „Maps“ ќе може директно да се активира навигација до конкретното место. Функцијата ќе служи и за прикажување на менијата, како тоа функционира во „Apple Watch“, но со поинаков начин на визуелизација.

Друга апликација ќе е поврзана со управувањето на апликациите - на пример во „MacBook“ песните или видеата може да се мрдаат со различна брзина во зависност од силата на притисок. Повеќе информации очекуваме околу 9 септември, кога се претпоставува дека „Apple“ ќе ги лансира новите смартфони.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти