29 Април, 2024
0.0254

Резултати од прв квартал за 2017 година

Позитивни финансиски резултати за Хеленик Петролеум

Изјава на Претседателот на Одбор на директори на ХЕЛПЕ Групацијата, Ефстатиос Цоцорос, за резултатите од првиот квартал за 2017 година

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Нагорниот тек на Хеленик Петролеум Групацијата продолжи во првиот квартал од 2017 година, со зголемени перформанси. Најдобрата можна искористеност на производствените капацитети на нашиот систем, нашето континуирано зајакнување во комбинација со високите маржи доведе до зголемување на продажбата од 67%, зголемување на извозот од 18% и нето приход од 124 милиони евра, што претставува зголемување од 287,5% во однос на првиот квартал од 2016.

Значително позитивните перформанси и резултати доведоа до зголемување на оперативните парични текови од 48% до намален нето долг од 29%, и целосно подобрување на билансот на состојба. Пазарите го предвидоа позитивниот тек на ХЕЛПЕ Групацијата и продолжуваат со поддржување на берзата, кој достигна 6,36 евра на 16-ти мај 2017 година, што претставува зголемување од 119,31% во споредба со 2,90 евра на 2-ри февруари 2016 година, забележувајќи постојано низок коефициент на ASE за 2016 година.

Еквивалентното зголемување на капитализацијата достигна 1.943 милиони евра на 16-ти мај 2017 година, додавајќи 1.058 милиони евра на вредноста на компанијата во однос на 1.058 милиони евра на 2-ри февруари 2016 година, забележувајќи подобар перформанс од конкуренцијата по четири години.

Во исто време, ние го завршивме дизајнот на новиот „5-Годишен Бизнис План за Одржлив Развој 2017-2021", кој има за цел зајакнување на ориентацијата на Групацијата кон екстровертност, меѓународната конкурентност и понатамошно подобрување на финансиската структура на Групацијата со усвојување основни стратегии за забрзување на дигиталната и енергетска трансформација на Групацијата.

Што се однесува до 5-годишниот бизнис план, од една страна имаме подобрување на билансот на состојба со намалување на бруто-долгот од 500 милиони евра, годишни финансиски трошоци за 50%, и доспеаниот долг од 550 милиони евра, а од друга страна имаме започнување на одржлив развој, со околу 1 милијарда евра инвестиции. Во исто време, позитивните резултати на Групацијата се рефлектираа и врз зајакнување на нашата политика на дивиденда во текот на периодот од 2017-2021.

Изјава на Главниот извршен директор на ХЕЛПЕ Групацијата, Григорис Стергиоулис, за резултатите од првиот квартал за 2017 година

Хеленик Петролеум Групацијата го продолжува својот нагорен тек со сигурни чекори.

Денес, пријавуваме силни оперативни резултати за уште еден квартал, кој е повисок во профитабилност од проценките на аналитичарите, но исто така доста индикативен за посветеноста на ХЕЛПЕ Групацијата на својата главна цел, да се трансформира во енергетски предводник во Југоисточна Европа.

Имаме целосна предност од високите меѓународни маржи на рафинирање, трговските договори во кои влеговме, оптимизација на снабдувањето, како и зголемување на придонесот од работењето на нашите рафинерии. Во исто време, ние постојано ја зајакнуваме нашата комерцијална позиција.

Фактот што сме опкружени со доверба на пазарот ние претставува голема чест.

Непреченото и безбедно функционирање на сите наши објекти, како и оптималното искористување на квалификувани човечки ресурси достапни на Групацијата ги сочинуваат нашите компаративни предности.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг