Позната причината: Еве зошто авионот на Wizz Air принудно слетал во Загреб
Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2018
Чад во кокпитот е причината поради која Летот W6 4263 на Wizz Air од Ниш до Базел пред два дена бил пренасочен на загребскиот аеродром.
Ова денес го соопштија од нискобуџетната компанија од каде велат дека авионот слетал безбедно и без проблеми и отишол под контрола.
„Wizz Air обезбеди заменски авион за продолжување на летот до Базел и искрено им се извини на сите патници за предизвиканите непријатности“, додаваат преку соопштение од таа компанија.
Безбедноста и сигурноста на нашите патници, екипажот и авионите за нас остануваат приоритет број еден-велат од Wizz Air.