02 Мај, 2024
0.0304

Познато колку време ќе помине од процедурата пред Македонија да стане официјална членка на НАТО

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Најверојатно година и пол ќе трае процесот од поканата до официјално полноправно членство во НАТО на Македонија, откако генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, појасни дека на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, земјата ќе добие покана за започнување на пристапните преговори.

По заокружувањето на пристапните преговори ќе биде потпишан Протокол за пристапување кој потоа треба да биде ратификуван од парламентите на сите земји членки на НАТО. Овој процес на ратификација е тој што одзема најмногу време.

За Црна Гора, објасни тој, поканата за почеток на преговори била изададена во декември 2015, преговорите биле финализирани во март 2016, а потоа сите 28 земји членки го ратификувале Протоколот до јуни 2017.

Албанија и Хрватска, пак, беа поканети во април 2008, а се приклучија во април 2009, една година подоцна.

– Зборуваме за нешто како година и половина од поканата до полноправно членство, Но, штом го потпишеме Пристапниот протокол, што трае неколку месеци, три месеци за Црна Гора, тогаш земјата ќе биде поканета да учествува на сите средби на НАТО и ќе седи на маса и ќе биде дел од Советот на НАТО. Црна Гора почна да учествува во сите активности на НАТО во март 2016, само три месеци откако почнаа преговорите за членство – рече Столтенберг.

Тој посочи дека процесот може да оди многу брзо, но за тоа е неопходно да завршат сите процедури околу Договорот со Грција.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање