10 Мај, 2024
0.0278

Пратеници од сите британски партии се здружуваат против Меј

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеници од сите партии веќе планираат унија, за да ги поразат плановите на Тереза Мај за "Тврдиот Брегзит", пишува "Индипендент", повикувајќи се на свои извори во парламентот. Според изданието, парламентарците ќе му дадат знак на Брисел дека сакаат "помек" излез, загрижени дека плановите на премиерот се еднакви на катастрофа за Велика Британија.

Проевропскиот конзервативец Ана Субри изјави за весникот: "Ние зборуваме еден со друг и ќе продолжиме да го правиме - тоа е нешто што ги надминува вообичаените партиски политички причини". Стравувањата се засилија откако Меј претрпе конфронтација во Брисел, кога ЕУ не го усвои со широко отворени раце "великодушниот предлог" за судбината на граѓаните на ЕУ, предупредувајќи дека тоа ќе ја влоши нивната состојба. Некои од пратениците сакаат да ја задржат Британија во единствениот пазар на ЕУ и во царинската унија, иако други може да не имаат тенденција да стигнат дотаму. Една од целите ќе биде законот за имиграцијата, бидејќи степенот на нова контрола може да биде од клучно значење за одредување на останувањето на Лондон во единствениот пазар. 

"Јас работам со сите. Се надеваме дека нешто конкретно ќе излезе од тоа, бидејќи сме во еден од најважните за земјата моменти во последниве децении", додаде Субри. Крис Лесли, поранешен министер за труд, вели: "Има дискусии неофицијално и мојата врата е секогаш отворена за пратеници од секоја партија, бидејќи прво треба да ја поставиме државата". Таа рече дека е во контакт со некои од 34-те пратеници кои оваа недела ја оспорија идејата на Џереми Корби да го смени курсот од борба за единствениот пазар. 

"Јас знам дека има многу конзервативци, либерални демократи и други кои ја отфрлиле планот на премиерот како хаотичен, идеолошки  Брегзит, и се согласувам дека вработените ќе бидат подобро во Велика Британија, единствениот пазар и царинската унија. Сер Винс Кеибл, кандидат за Либералдемократска лидер, исто така, зборува за тоа како "племенските разлики меѓу партиите се распаднале" со развојот на "Брегзит". "Неформално се создаваат мрежи и неколку од нив се откриени", посочи тој.

Пратеници од сите партии се радуваат на поголемите можности парламентот да врши влијание, откако конзервативците го загубија мнозинството на општите избори на 8 јуни. 

Двајца поранешни министри од кабинетот на ториевците изразија решеност да соберат "разумно мнозинство", за да им парираат на економските штети, одбивајќи компромис во почетните преговори. Поранешниот главен обвинител Доминик Грив истакна: "Ако не работиме правилно, ќе имаме многу сериозни проблеми. Прашањето е како парламентот да го постигне вистинскиот резултат". Возбудата во парламентот е уште една главоболка за Тереза ​​Меј, откако ЕУ го блокира обидот за итно започнување на преговори за идна трговија.

"Овие преговори ќе се одржат само ако и кога ЕУ смета дека е постигнат "доволен напредок" во однос на правата на граѓаните на ЕУ, таксата за "разводот" и ирската граница", призна неодамна британскиот министер за прашањата на "Брегзит" Дејвид Дејвис.

Можеби ќе ве интересира

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата