02 Мај, 2024
0.0302

ПРАВДА, „СЕ ПРАВДА“: Преговорите немаат врска, планиравме само „пеглање“ на техничките работи во Законот за референдум

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Од Министерството за правда посочуваат дека Измените на Законот за референдум се прават со цел усогласување со Изборниот законик а по бурната реакција на социјалните мрежи и во јавноста Владата реши да го повлече предлогот за измени кој беше објавен утринава и на страницата на ЕНЕР.

Имено, од Министерството за правда потенцираат дека со предложените измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, се врши усогласување на законскиот текст со Изборниот законик и се напуштаат односно надминуваат одредени застарени решенија при што ги демантираат информациите на дел од порталите по објавувањето на законот на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е донесен во септември 2005 година, a Изборниот Законик во март 2006 година, потестува Министерството.

- Во предложените измени на член 1, член 2, член 3 и член 4 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување со Изборниот законик, наведува Министерството за правда.

Се дополнува дека Изборниот законик е објавен на 31 март 2006 година и влезе во сила со денот на објавување во Службен весник. Со денот на објавување на Изборниот законик, пак, престанаа да важат Законот за избор на претседател  на РМ, Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ, Законот за локалните избори, Законот за избирачки список, Законот за избирачките места  и Законот за изборните единици  за избор на пратеници во Собранието на РМ.

Се јави и Оливер Ристовски, заменик министер за правда кој за сакамдакажам.мк рекол дека се планирало само „Пеглање“ на технички работи а суштината на Законот за референдум не се менува и додал дека ќе се прекине процедурата за измена на Законот за референдум, за да не се наштети на преговорите за името, иако тоа нема никаква врска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?