Празниците поминаа, пајаците „кревет“
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020
На возачите и после празниците не им доаѓа памет. Полицијата и вчера казнувала и исклучувала од сообраќај за возење под дејство на алкохол, без дозвола и за поминување на црвено, а полни раце работа имале и пајаците.
„Во текот на 02.01.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени четири возачи, од кои еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, санкционирани се: двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, соопшти МВР.
Контроли се вршеле и во другите градови. Во Битола се фатени четворица возачи под дејство на алкохол и исклучени од сообраќај, двајца возачи зборувале на мобилен телефон и еден возач не користел сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.