Прекин во сообраќајот на патот Струга-Ќафасан поради сообраќајка
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Денес од 17:40 часот поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Струга–Ќафасан, информираат од АМСМ.
Инаку сообраќајот по останатите патишта во земјава се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места.