02 Мај, 2024
0.0306

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: ПРЕЖИВЕАНИТЕ ГИ СКРШИЛЕ СТАКЛАТА НА АВТОБУСОТ, жртвите се на возраст од 25 до 30 години, има и 12 деца

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, веќе е во Бугарија поради страшната несреќа на автопатот Струма. Во интервју за Бугарија ON AIR, премиерот рече дека ќе се сретне со седумтемина преживеани од трагедијата. 

Тој вели дека успеал телефонски да разговара со едно од лицата сместени во болницата „Пирогов“. 

“Тој рече дека слушнал експлозија. Тој и другите шест преживеани ги скршиле стаклата на автобусот и успеале да побегнат и да се спасат. Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст од 25-30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема“, порача Заев.

Во оваа фаза од македонските власти не се очекува паралелна истрага. 

„Им веруваме на нашите бугарски колеги. Доколку им треба помош, подготвени сме да им помогнеме во истрагата. Сега најважно е да видиме како да им помогнеме на настраданите“, рече Заев. 

Премиерот на Северна Македонија, откако на лице место се запозна со состојбата на повредените, ќе се сретне со неговиот бугарски колега Стефан Јанев. 

Заев е во Бугарија со министрите за здравство и за надворешни работи. Македонските власти веќе ги информираат роднините на загинатите.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја