10 Мај, 2024
0.0256

Преставена новата колекција на Omega пред македонската публика

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во прекрасниот амбиент во Македонска филхармонија, пријателите на „Божиновски часовници и накит“ имаа ексклузивна можност за момент да ја победат гравитацијата и да се прошетаат низ темната страна на месечината, добивајќи сосема поинаква перспектива за концептот на времето што е најпрепознатливата карактеристика на брендот Omega.


Присутните имаа можност подетално да се запознаат со новата колекција на часовници од овој врвен часовничарски бренд и да слушнат за сите новитети презентирани на најпознатиот саем за часовници Basel World 2018.

„Omega е најсветлиот дијамант кој го краси завидното портфолио на брендови на „Божиновски часовници и накит“ и навистина ни претставува особена чест што имаме можност сите новитети на овој перфекционистички бренд да ги претставиме пред македонската публика. Ова е првиот бренд кој што успешно ја напуштил орбитата на земјата и испишал нова историја во часовничарската индустрија и како бренд ужива голема популарност кај пасионираните љубители на часовници низ целиот свет, а особено ни е драго што и во Македонија исто така брендот секогаш предизвикува голем интерес, што укажува на фактот дека има голем број на луѓе кои знаат како да го победат концептот на времето и да ги завртат стрелките да одбројуваат во нивна полза“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“


Од компанијата најавија дека ќе продолжат со постојано презентирање на сите новитети во часовничарската индустрија, бидејќи како застапник на најврвните часовничарски брендови во Македонија публиката тоа и го очекува од нив.

Погледнете ја фотогалеријата за да доловите дел од атмосферата од настанот.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните