26 Април, 2024
0.0325

ПРЕСТИЖ ВО АКАДЕМСКИОТ СВЕТ – ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТ

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во светски размери студирањето или едукацијата во Британија е на едно врвно, највисоко ниво. Престижот да се биде дипломиран студент од некој британски универзитет е основна карактеристика  на амбициозни луѓе, кои знаат што значи да се има квалитетно бразование.

Еден од таквите универзитети во Британија е и Лондон Метрополитен Универзитетот кој е основан во 1848 година. Овој престижен универзитет е основан како  Северен Политехнички Институт, со мисија да им помогне  на идните студенти во стекнувањето на работните вештини, со кои во иднина ќе дадат свој придонес во заедницата.

Голем број на локални бизнисмени и богати личности ја увиделе важноста од постоење на ваков институт, и инвестирале средства за изградба и развој на истиот. Оваа инвестиција им се вратила повеќекратно. Несомнено, преку стекнатото знаење и експертиза студентите дале огромен придонес во развојот и унапредувањето на заедницата и на нивните бизниси.

Водејќи се од истата идеја, да се произведе висококвалификуван кадар кој после завршувањето на студиите ќе биде целосно спремен директно да оди на работа, институцијата од институт прераснува во најголемиот универзитет во Британија, нудејќи широк опсег на студиски програми.

Денес, Лондон МЕТ е една од најреномираните образовни институции во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и квалитетот на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на многу студенти ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини.

На овој универзитет досега завршиле голем број на истакнати и видни личности од светот на уметноста, светот на бизнисот и економијата, светот на политиката, како што е на пример градоначалникот на Лондон г. Садик Кан но и многу други видни личности.

Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и признаена ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Од неодамна, а во соработка со Скопје Метрополитен Колеџ, Лондон Мет одлучи да им даде можност на македонските студенти да бидат дел од големото семејство на Лондон Мет и и да се стекнат со британска државна диплома за високо образование.

Сите вие кои сакате да студирате на некој реномирани светски универзитети, сега можете да бидете дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ.

Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот. За повеќе информации посетете ја веб страната www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на телефон +38923140004


Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ