ПРЕСВРТНИЦА НА ЗАПАД: Светот се врти кон Путин

Објавено во: Свет 27 Декември, 2015 15:29
Западот ќе мора да го остави настрана несогласувањето и недовербата со Русија и да почне да соработува со неа, ако сака да ја порази терористичката ИСИС, ова е заклучокот од истражувањето на политичките инсајдери низ Европа и Америка.
Оваа недела, откако ЕУ ги прошири санкциите против Русија за шест месеци, анкетирани беа 76 дипломати, претставници и советници кои се согласија да зборуваат за американско-руските односи , под услов на анонимност.
Групата генерално се согласила дека клучот во борбата против ИСИС е дипломатско решение за сириската криза, но и дека Западот ќе мора да ги подобри односите со Русија во наредната година.
„Време е да се стави крај на санкциите против Русија и да почне да се гради стратешко партнерство” – рече еден член на парламентарната група.
Дури 53 отсто од дипломатите веруваат дека најдобар начин да се победи ИСИС во Сирија е преку соработката со Русија и Иран за заеднички дипломатски договор со претседателот Башар ал-Асад .
„Два одделни и некоординирани воздушни кампањи ќе бидат контрапродуктивни. Единствен сојуз против ИСИС , кој ќе ја вклучува и Турција е клучот во борбата против тероризмот” - рече еден од учесниците на пратеничката група .” -
Во истражувањето беше отворени и прашањето за тоа која е најголемата закана за ЕУ.
Околу 33 % од испитаниците се согласија дека имигрантската криза е најголема закана со која се соочува ЕУ. На второ место е исламски тероризам (15 отсто) , додека третиот е подемот на популистичките партии.
Можеби ќе ве интересира
НАПАД СО НОЖ НА УЛИЦА, НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ! Меѓу ранетите има еден полицаец, на терен голем број полициски возила

„ДАЛИ СЕ МЕНУВА МИСЛЕЊЕТО ЗА ГАЗА?“: Западот му се заканува на Израел со санкции

ИТНА ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Жителите се засолнуваат на покривите од куќите (ФОТО/ВИДЕО)

НОВАТА МОЌ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Програмерите во шок, оваа функција менува сè

АВИОН ОД КАТАР: Трамп го добива како подарок или ќе го купи?

ЗЕЛЕНСКИ МУ ПИША НА ТРАМП: Сака нов договор со САД

(ВИДЕО) ВО ЕДЕН ДЕН НАВРНА ДОЖД КАКО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: Има загинати во поплавите во Франција

ВОЈУВАЛ И ВО ЧЕЧЕНИЈА: Во Украина загина познат руски снајперист
