ПРЕСВРТНИЦА НА ЗАПАД: Светот се врти кон Путин

Објавено во: Свет 27 Декември, 2015 15:29
Западот ќе мора да го остави настрана несогласувањето и недовербата со Русија и да почне да соработува со неа, ако сака да ја порази терористичката ИСИС, ова е заклучокот од истражувањето на политичките инсајдери низ Европа и Америка.
Оваа недела, откако ЕУ ги прошири санкциите против Русија за шест месеци, анкетирани беа 76 дипломати, претставници и советници кои се согласија да зборуваат за американско-руските односи , под услов на анонимност.
Групата генерално се согласила дека клучот во борбата против ИСИС е дипломатско решение за сириската криза, но и дека Западот ќе мора да ги подобри односите со Русија во наредната година.
„Време е да се стави крај на санкциите против Русија и да почне да се гради стратешко партнерство” – рече еден член на парламентарната група.
Дури 53 отсто од дипломатите веруваат дека најдобар начин да се победи ИСИС во Сирија е преку соработката со Русија и Иран за заеднички дипломатски договор со претседателот Башар ал-Асад .
„Два одделни и некоординирани воздушни кампањи ќе бидат контрапродуктивни. Единствен сојуз против ИСИС , кој ќе ја вклучува и Турција е клучот во борбата против тероризмот” - рече еден од учесниците на пратеничката група .” -
Во истражувањето беше отворени и прашањето за тоа која е најголемата закана за ЕУ.
Околу 33 % од испитаниците се согласија дека имигрантската криза е најголема закана со која се соочува ЕУ. На второ место е исламски тероризам (15 отсто) , додека третиот е подемот на популистичките партии.
Можеби ќе ве интересира
ПУТИН ГИ СУПСЕНДИРА СИТЕ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ: Прогласи примирје за Велигден
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА МЕСО И СИРЕЊЕ ОД ЕУ - туристите не смеат да носат, казни до 5.000 фунти
КИНА ГО ВРАТИ АВИОНОТ НА БОИНГ ВО САД - тензиите растат - ја прекина набавката на американски авиони
ТИНЕЈЏЕР „НАПРАВИЛ“ БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ ДОМА, И НАЈМАЛО КОЛИЧЕСТВО ПРЕДИЗВИКУВА СМРТ: Дали бил инспириран од познатата серија?

ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА АМЕРИКАНСКО-УКРАИНСКИОТ МЕМОРАНДУМ: Ова е клучната дата за договор

ДАЛИ СТЕ ГО СЛУШНАЛЕ ПУТИН КАКО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ: Користи преведувачи, но понекогаш ги корегира

„ИМАТЕ САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, АКО НЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР САД СЕ ОТКАЖУВААТ“: Рубио со ваков тон за војната во Украина

СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА, КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПАРИЗ И ДОДЕЛИЛ СОЦИЈАЛЕН СТАН НА МЛАДАТА ДЕВОЈКА: Отворена истрага за активна и пасивна корупција

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЛГА ВОЈНА ВО УКРАИНА, НИШТО ОД ГАРАНЦИИТЕ НА ТРАМП: „Дали тој навистина сака да ја заврши војната“?
