Претепан аутистичен и нем Супермен - И во вистинскиот живот има негативци
Објавено во: Свет 09 Јули, 2017
Јавноста во Минеола, САД е згрозена од нападот врз нивниот Супермен, 20 годишно глувонемо и аутистично момче кое се облекува како неговиот омилен херој и им мафта и им се насмевнува на сите минувачи додека патролира низ улиците.
Реј Пит бил претепан од Тајлер Мекорви кој дошол специјално до улицата каде Супермен „патролира“ за да го предизвика. Младиот херој пишап порака до неговата мајка дека некој сака да го нападне и да му наштети.
Мекорви започнал да му удира боксови и потоа му ја удрил главата од паркирана кола. Набрзо случајни минувачи забележале како нивниот омилен херој од градот е нападнат и се обиделе да го одбранат. Мекорви кој сега го нарекуваат вистински негативец побегнал, но потоа е упасен од полицијата со пријава за напад врз лице со пречки за што ќе одговара дополнително пред судот.
Пит следниот ден се вратил да „патролира“ на улиците на Минеола повторно облечен како Супермен.