При снежна лавина во Грција еден човек загина
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2017
Лавина од снег затрупа група сноубордери во скијачкиот комплекс „Василика“ во Грција, при што 30-годишен човек, кој е префрлен во болница во критична состојба, починал.
Човекот удрил во дрво под налетот на лавината, при што добил сериозни повреди, а другите членови на групата се во добра здравствена состојба.
Лекарите еден час се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.
Во таа област видливоста била ограничена поради маглата, а грчки информативни портали пренесоа дека во моментот кога се случил инцидентот, скијачките патеки биле затворени поради маглата, па група сноубордери се обиделе да се спуштаат надвор од патеките.